За петок попладне и во вечерните часови кон сабота синоптичарите најавуваат услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Пад на температурите за неколку степени се очекува во деновите од викендот кога ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец
Денеска времето во земјава ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи во интервал од 13 до 19 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 29 до 39 степени: Вредноста на УВ-индексот ќе биде висока и ќе изнесува девет.
Сончево и многу топло ќе биде и во Скопје, каде облачноста ќе биде мала и ќе дува слаб ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 39 Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи од денеска до петок земјава ќе биде под влијание на топла воздушна маса од југ поради што дневната температура насекаде ќе биде над 30 Целзиусови степени, а наместа се очекува да надмине и 40 Целзиусови степени.
За петок попладне и во вечерните часови кон сабота, синоптичарите најавуваат услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Пад на температурите за неколку степени се очекува во деновите од викендот кога ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.