Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 23 јуни 2025 г. на МРТ 1, во кое гостува претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски
Дали очекувањата во одредени центри на моќ беа дека изборот на Африм Фидани за претседател на Врховниот суд треба да пропадне и дали одолговлекувањето на свечената изјава, всушност, беше купување време за барање начин за поништуивање на изборот, на пример, преку проблематизрање на гласот на Весна Дамева? Ова се дел од прашањата до претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски, кој гостува во новото издание на емисијата „360 степени” на МРТ 1. Со Камбовски разговараме и за изборот во апелациски судии на сопругите на претседателот на Уставниот суд и на советникот за надворешна политика на премиерот, за случајот со поништувањето на изборот на Елизабета Дуковска за уставна судијка, како ќе се постави Судскиот совет во новонастанатата ситуација, за буџетот за судската власт кој наместо да се зголемува се намалува со предлог-ребалансот…