Жената била прегазена откако во неа удрил автомобил „фолксваген голф“ со охридски регистарски таблички кој бил управуван од 22-годишник И.С. од село Пашино Рувци, Прилепско, кој престојувал во Охрид. Тој со автомобилот удрил во метален столб, а потоа во пешаците на тротоарот – А.Б. (44) од Охрид и Д.П. (52) од Скопје
Четириесет и четиригодишна жена загина во сообраќајка што вчеравечер околу 22 часот се случила во Охрид.
Жената била прегазена откако во неа удрил автомобил „фолксваген голф“ со охридски регистарски таблички кој бил управуван од 22-годишник И.С. од село Пашино Рувци, Прилепско, кој бил престојувал во Охрид. Тој со автомобилот удрил во метален столб, а потоа во пешаците на тротоарот – А.Б. (44) од Охрид и Д.П. (52) од Скопје.

Несреќата се случила на кружниот тек на булеварот „Туристичка“ во Охрид, кога возачот преминал преку кружниот тек, ја пробил заштитната ограда, изгубил контрола и завршил на пешачката зона удирајќи во двете лица.
Од здобиените повреди, 44-годишната охриѓанка починала во Специјалната болница „Св. Еразмо“.
„Со тешки телесни повреди се здобил Д.П., додека со телесни повреди се здобиле возачот И.С. и неговиот сопатник К.М. (19), констатирани во болницата ‘Св. Еразмо’ и во Општата болница Охрид“,
информираат од МВР.
На местото на настанот е извршен увид од страна на увидна екипа од СВР Охрид. По наредба на јавен обвинител, 22-годишниот возач на автомобилот е приведен.