Според Сеизмолошката опсерваторија при Природноматематичкиот факултет во Скопје, потресот е почувствуван во Охрид, Струга и блиската околина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала
Уште еден, послаб, земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала синоќа е почувствуван во Охридско-струшкиот регион, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природноматематичкиот факултет во Скопје.

Потресот бил регистриран 48 минути по полноќ во епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 102 километри југозападно од Скопје.
Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) известува дека земјотресот бил на длабочина од 15 километри.
Според Сеизмолошката опсерваторија при Природноматематичкиот факултет во Скопје потресот е почувствуван во Охрид, Струга и блиската околина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.
Серија земјотреси чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, беа регистрирани и вчера рано наутро во Охридскиот регион. Најсилниот беше почувствуван во 4 часот и 34 минути во Охрид и блиската околина со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.
Освен вознемиреност кај граѓаните, материјални штети не се пријавени.