Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 22 мај 2025 г. на МРТ 1
Во ова издание објавуваме:
– Модно женско студио од Битола со скромни приходи и двајца вработени и фирма со српски сопственик регистрирана 20 дена пред тендерот, ќе ги облекуваат специјалните полициски единици за 3,8 милиони евра;
– За договорот „влада со влада“ со Обединетото Кралство, од кого и под какви услови ќе позајмува државава, кои британски фирми ќе работат на пругата и болниците – кратко интервју со британскиот амбасадор Метју Лосон;
– Нова форма на јавен превоз во Скопје – „кар шеринг“ или изнајмување електрични автомобили; како ќе функционира и колку ќе биде достапно;
– Министерството за одбрана и Армијата со акциски план ќе ја подобруваат родовата еднаквост;
– „Саботажа“.