Возачот е задржан во полициска станица, а против него ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело – безобѕирно управување со моторно возило
Кавадарчанец што возел со 3,05 промили алкохол во крвта е приведен рано утрово во 4 часот при сообраќајна контрола, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Полицијата на улицата „Дисанска“ во Кавадарци сопрела патничко возило марка „ситроен“ со кавадаречки регистарски таблички, кое го управувал А.М. (35) од селото Глишиќ. По преземените мерки, констатирано е дека возел под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,05 промили алкохол во крвта.
„На улицата ‘Дисанска‘ во Кавадарци полициски службеници го лишиле од слобода А.М. (35) од селото Глишиќ“,
се вели во полицискиот извештај за настанот.
Возачот е задржан во полициска станица, а против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик, за безобѕирно управување со моторно возило.