Во видео објавено на социјалната мрежа Икс, во кое се осврнува на нападот врз персоналот на израелската амбасада во Вашингтон, Нетанјаху рече дека британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и канадскиот премиер Марк Карни сакаат Израел да се откаже и да прифати дека армијата на масовни убијци на Хамас ќе преживее

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека британскиот премиер Кир Стармер и другите лидери практично рекле дека сакаат Хамас да остане на власт, објави Би-би-си.
Тој, исто така, ги обвини британските, француските и канадските лидери дека се на страната на масовни убијци, силувачи, убијци на деца и киднапери.
Во видео објавено на социјалната мрежа Икс, во кое се осврнува на нападот врз персоналот на израелската амбасада во Вашингтон, Нетанјаху рече дека британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и канадскиот премиер Марк Карни сакаат Израел да се откаже и да прифати дека армијата на масовни убијци на Хамас ќе преживее.
Last night in Washington something horrific happened.
— Benjamin Netanyahu – בנימין נתניהו (@netanyahu) May 22, 2025
A brutal terrorist shot in cold blood a young beautiful couple – Yaron Lischinsky and Sara Milgrim. Yaron had just bought an engagement ring for Sarah. He was planning to give it to her in Jerusalem next week. They were… pic.twitter.com/FFdMwlacJ9
Даунинг стрит одби директно да ги коментира изјавите на Нетанјаху, но посочи на претходната осуда на Стармер за нападите во Вашингтон.
Во таа изјава, Стармер го нарече антисемитизмот „зло што мора да го искорениме“.
Во понеделникот, Велика Британија, Франција и Канада ја осудија проширената израелска воена операција и одбивањето на хуманитарна помош за цивилите во Газа и се заканија со конкретни акции доколку не се запре.
Нетанјаху рече дека Хамас сака да го уништи Израел и да го истреби еврејскиот народ.
„Никогаш не можев да разберам како оваа едноставна вистина им бега на лидерите на Франција, Велика Британија, Канада и другите. Им велам на претседателот Макрон, премиерот Карни и премиерот Стармер: кога масовните убијци, силувачите, убијците на деца и киднаперите ви се заблагодаруваат, вие сте на погрешната страна на правдата. Вие сте на погрешната страна на човештвото и сте на погрешната страна на историјата“,
рече тој.
Претходно, британскиот премиер рече дека е згрозен од постапките на Израел и ја нарече ситуацијата во Газа неподнослива, додавајќи дека одлуката на Израел да дозволи само мала количина помош во Газа е целосно несоодветна.
Израел започна воена кампања во Газа како одговор на прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври 2023 година, во кој беа убиени околу 1 200 луѓе, а 251 лице беше земено како заложник.
Оттогаш, најмалку 53 762 луѓе се убиени во Газа, вклучувајќи 16 500 деца, според Министерството за здравство управувано од Хамас.