Според изјавите на сведоците, откако го извршил злосторството, напаѓачот се обидел да се прикаже како сведок и побарал помош од обезбедувањето на музејот. Така, веднаш по пукањето, Родригез се обидел да влезе во зградата каде што се одржувал настанот, но бил спречен од обезбедувањето
Осомничениот за убиството на двајца вработени во израелската амбасада пред Еврејскиот музеј во Вашингтон е идентификуван како Елиас Родригез (30) од Чикаго, пренесува Еј-би-си њуз.
Откако е приведен, како што изјави шефицата на полицијата на Вашингтон, Памела Смит, осомничениот скандирал „Слободна Палестина“.

Според полицијата, Родригез го признал злосторството веднаш по апсењето, велејќи дека го сторил тоа „за Газа“ и „за Палестина“.
NEW: This is allegedly the video of the suspect Elias Rodriguez in the fatal shooting outside the Jewish Museum in Washington DC tonight being arrested. He yells, "Free, free Palestine," while being detained by security.
— Ari Hoffman 🎗 (@thehoffather) May 22, 2025
You can see the keffiyeh on the floor
H/T @yuvaldavid https://t.co/va8EN38GQs pic.twitter.com/8rp4xXq9hf
Федералното истражно биро (ФБИ) и локалната полиција во Вашингтон спроведуваат истрага и го испрашуваат осомничениот, а според првичните информации, пукањето се смета како целен напад.
„Пукањето се случило на кратко растојание од нашата канцеларија во Вашингтон. Нашиот полицаец од ФБИ веднаш реагираше и пружи помош по нападот. Првичните индикации се дека ова е чин на целно насилство. Нашиот тим е целосно ангажиран“,
се вели во соопштението од ФБИ.
Според изјавите на сведоците, откако го извршил злосторството, напаѓачот се обидел да се прикаже како сведок и побарал помош од обезбедувањето на музејот. Така, веднаш по пукањето, Родригез се обидел да влезе во зградата каде што се одржувал настанот, но бил спречен од обезбедувањето.
Еден маж и една жена – двајцата вработени во израелската амбасада се застрелани додека излегувале од настан во Еврејскиот музеј во центарот на Вашингтон.
Претседателот Доналд Трамп им упати сочувство на семејствата на жртвите, велејќи дека „омразата и радикализмот немаат место во САД“.
Израелскиот амбасадор Јехиел Лајтер изјави дека двајцата застрелани биле пар, кој наскоро требало да стапи во брак.