Маршот ќе започне во 12:05 часот симболизирајќи ја, како што велат организаторите, задоцнета реакција во Скопје. Собирот ќе почне пред Јавното обвинителство, ќе продолжи на плоштадот „Македонија“ и пред Собранието. Во најавата за протестот, семејствата на загинатите велат дека бараат одговори за насилната смрт на своите деца
Семејствата на загинатите во пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани утре ќе организираат „Марш на ангелите“ во Скопје. Маршот ќе започне во 12:05 часот симболизирајќи ја, како што велат, задоцнета реакција во Скопје. Собирот ќе почне пред Јавното обвинителство, ќе продолжи на плоштадот „Македонија“ и пред Собранието.

Во најавата за протестот, семејствата на загинатите велат дека бараат одговори за насилната смрт на своите деца.
„Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на правото и на законските процедури и затоа не разбираме како познавачите на правото притвораат, па пуштаат, па свесни ли се дека и онака целосно разнишаната доверба во досегашното институционално работење со фати – пушти, без да имаме јасно образложение за таа законска процедура што се создава во нашите мисли, кои и онака се на работ на самоуништување“,
се наведува во најавата за потесниот марш кој ќе се одржи под слоганот „Марш на ангелите“.
Семејствата на загинатите повикаа граѓаните да им се придружат на протестот во знак на поддршка на најблиските на трагично починатите кои ги загубија животите во пожарот во Кочани на 16 март.
Во саботата во Кочани се одржа протестен марш под слоганот „Задоцнета реакција“.