Шестмина од загинатите се малолетници на 16 и 17 години, а најстарата жртва во пожарот во дискотеката била на 48-годишна возраст
Најмладите жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани имале 16 години, а најстарата жртва била на 48-годишна возраст. Ваква информација денеска објави Основното јавно обвинителство на Република Северна Македонија, објавувајќи го официјалниот список со бројот на починати и нивната возраст.

Списокот до Обвинителството е доставен од страна на Институтот за судска медицина.
„Извештаите од извршените обдукции се изготвуваат и ќе бидат доставени до Обвинителството“,
информираа претпладнево од Обвинителството.
Најмладите загинати во пожарот се тинејџери на возраст од 16 до 19 години – од нив шестмина се малолетници.
Во продолжение интегрално го пренесуваме бројот на загинати и нивната возраст.
- 16 години – тројца загинати
- 17 години – тројца загинати
- 18 години – четворица загинати
- 19 години – еден загинат
- 20 години – двајца загинати
- 21 година – шестмина загинати
- 23 години – двајца загинати
- 24 години – седуммина загинати
- 25 години – тројца загинати
- 26 години – седуммина загинати
- 27 години – двајца загинати
- 29 години – еден загинат
- 30 години – тројца загинати
- 31 година – двајца загинати
- 32 години – еден загинат
- 33 години – еден загинат
- 36 години – четворица загинати
- 38 години – двајца загинати
- 43 години – еден загинат
- 44 години – двајца загинати
- 47 години – еден загинат
- 48 години – еден загинат
Денеска во повеќе градови во земјава се одржуваат погребите на 59 загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани кој изби ноќта помеѓу 15 и 16 март. Најголем дел од загинатите ќе бидат погребани во Кочани, а погреби ќе се одржат и во Штип, Пробиштип, Облешево, Скопје и Струмица.