Новото издание на емисијата „360 степени”, во кое гостува директорот на владината Служба за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, се емитува вечерва (20 јануари 2025 г.) од 22:45 часот на МРТ 1
Дали набавка на нов авион за потребите на државата е опција што се разгледува во владината Служба за општи и заеднички работи (СОЗР), е една од темите на кои разговараме со директорот на СОЗР, Ивица Томовски, кој гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Зборуваме и зошто се оддолжува воведувањето црвено-жолти таблички за државните службени возила како мерка за ограничување на нивната злоупотреба и дали за Томовски е прифатлив принципот на набавка на возила со оперативен лизинг за што државата месечно плаќа по 86 илјади денари за една „шкода суперб“. Тема се и намерата на Томовски за заживување на комплексот „Македонско село“ на Водно, доградба на жичницата со крак од црквата „Свети Јован“ во Капиштец до Средно Водно и завршување на стопираната градба на објектите за ФИНКИ и за Факултетот за физичко образование во централниот кампус на УКИМ. Директорот на СОЗР го прашуваме и дали намалувањето на цените за одредени услуги и стоки што ги набавува Службата може да го доведат во прашање квалитетот, а како пример ја дискутираме неодамнешната набавка на обезбедување за објектите на органите на државната управа.
Емисијата се емитува од 22:45 часот на МРТ 1.