Поради сообраќајна несреќа, во прекин беше и сообраќајот на патот Охрид – Ресен, а од 17:35 часот се одвива наизменично во една коловозна лента
На повеќе патни правци низ државата во моментов има активни забрани за движење на товарни возила поради влажни коловози, и тоа: Дебар – Маврово, Охрид – Кичево (Пресека), Кичево – Гостивар (Стража), Тетово – Попова Шапка и Битола – Ресен (Ѓавато).

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони, како на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Поради сообраќајна несреќа, во прекин беше и сообраќајот на патот Охрид – Ресен, а од 17:35 часот се одвива наизменично во една коловозна лента.