Лицето што ги превезувало мигрантите е задржано во полициската станица во Гевгелија, а мигрантите се сместени во Прифатно-транзитниот центар во Гевгелија
Полицијата вчера привела државјанин на Косово откако кај местото Караорман во Гевгелиско во неговото возило „ауди А3“ биле пронајдени тројца мигранти од Египет и еден од Сирија, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Полициски службеници синоќа во 20 часот го лишиле од слобода А.А. (27) од Косово. При преглед на возилото со косовски таблици, со кое управувал, се пронајдени четворица мигрант. Едно е од Сирија, а тројца се од Египет“,
се вели во соопштението од МВР.
Косовскиот државјанин е задржан во полициската станица во Гевгелија, а мигрантите се сместени во Прифатно-транзитниот центар во Гевгелија.
