Во западните делови од земјава, во текот на ноќта кон четврток на повеќе места ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег
По утринската магла по одделни котлини и ниската облачност, во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаб локален дожд, а на планините за слаб снег, најавува УХМР.

Во западните делови од земјава, во текот на ноќта кон четврток на повеќе места ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.
Минималните температури ќе се движат во интервал од -1 до 6 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 4 до 10 степени.
Времето во Скопје ќе биде магливо во претпладневните часови, а во текот на денот променливо облачно. Температурите ќе бидат во интервал од минимални 2 до максимални 9 степени.
За утре УХМР најавува претежно облачно време со повремен дожд.