Според информациите на германскиот весник, мажот бил македонски државјанин и тој по нападот побегнал, најверојатно тргнал за Македонија, но полицијата го уапсила на автопатот Вирцбург. Тој во моментот е во притвор во Нирнберг, а подоцна ќе биде префрлен во Дортмунд
Во Дортмунд, Германија, триесетгодишна жена била брутално убиена од својот поранешен партнер кој ја нападнал со месарски нож во присуство на нејзините три деца. По нападот, сторителот побегнал оставајќи ја жената тешко повредена во ходникот. Децата, на возраст од 3, 4 и 6 години, побарале помош од соседите, кои ја известиле полицијата, јави „Билд“.
Според информациите на германскиот весник, мажот бил македонски државјанин и тој по нападот побегнал, најверојатно тргнал за Македонија, но полицијата го уапсила на автопатот Вирцбург. Тој моментот е во притвор во Нирнберг, а подоцна ќе биде префрлен во Дортмунд.
Како што пишува „Билд“, двојката неколкупати била повикувана на суд поради семејно насилство. Жената планирала да се раздели од насилниот партнер и да започне нов живот. На крајот на октомври таа конечно се преселила во нов стан во Дортмунд во Северна Рајна-Вестфалија со своите три деца.
Децата првично биле згрижени од Канцеларијата за заштита на млади и прегледани во детска клиника. Се вели дека се неповредени и ќе бидат однесени кај семејството на нивната мајка.