Ајатолахот Али Хамнеи не прецизира време или обем на можниот напад
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, ги предупреди Израел и САД дека ќе се соочат со „разорен одговор“ поради нападите врз Иран и сојузниците.
„Непријателите, без разлика дали се работи за ционистичкиот режим или за САД, сигурно ќе добијат разорен одговор за нивните дејствија против Иран и иранскиот народ“,
се закани Хамнеи.
Неговата реакција доаѓа во време кога иранските власти сè повеќе се закануваат со одговор врз Израел, како последица на израелските дејствувања во регионот.
Хамнеи не прецизира време или обем на можниот напад, но претходно изјави дека нападите на Израел „не треба да се преценуваат, ниту да се потценуваат“.
Во меѓуврем,е американскиот Пентагон најави ново воено распоредување на своите сили и оружје на Блискиот Исток, предупредувајќи го Иран дека ќе се соочи со одговор доколку интервенира врз Израел или врз силите на САД.