Веста за рускиот напредок доаѓа во време кога сè повеќе извори потврдуваат дека илјадници севернокорејски војници се испратени на обука во Русија
Украина планира да регрутира уште 160 000 војници додека руските сили напредуваат незапирливо на источниот фронт. Русија вчера објави дека целосно го окупирала рударскиот град Селидове во источниот украински регион Донецк.
Веста за рускиот напредок доаѓа во време кога се повеќе извори потврдуваат дека илјадници севернокорејски војници се испратени на обука во Русија.
Украинската војска во последно време беше под голем притисок, делумно поради значителната супериорност на Русија во работна сила и други ресурси.
„Планирано е да се повикаат повеќе од 160 000 луѓе“,
изјави вчера во украинскиот парламент Олександр Литвиненко, секретар на Советот за национална безбедност на Украина.
Новинската агенција АФП јавува дека регрутирањето ќе се одвива во следните три месеци. Соопштението доаѓа откако Украина продолжи да распоредува воен персонал за нејзиниот упад во рускиот регион Курск, кој започна во август.
Пентагон: Околу 10 000 Севернокорејци испратени во Русија
Пентагон проценува дека околу 10 000 севернокорејски војници се испратени на обука во источна Русија. Вашингтон вчера објави дека помал број севернокорејски војници биле испратени во Курск и дека ќе бидат испратени уште неколку илјади.
Јужна Кореја тврди дека Севернокорејците се обучуваат на различни локации, а многумина носат руски униформи за да се маскираат. Висок владин претставник рече дека веруваат дека до 11 000 војници веќе се испратени во Русија, а најмалку 3 000 се испратени на запад од земјата.
12,000 North Korean soldiers have been sent to Russia.
— Bruce J (@BTCBruce1) October 25, 2024
We regard you as a benevolent father,
but you are trading us for U.S. dollars.
pic.twitter.com/4YroKuoYP0
Минатата недела претседателот Владимир Путин одби да ги коментира информациите дека севернокорејски трупи пристигнале во Русија.
Бараат мажи кои ја избегнуваат регрутацијата
Последната мобилизација во Украина доаѓа откако украинскиот парламент во април усвои закон за помош во мобилизацијата на силите за борба против инвазијата на руските сили.
Законот бара секој маж на возраст од 25 до 60 години да ги внесе своите информации во електронска база на податоци за да може да биде повикан. Службениците во регрутните канцеларии се во потрага по оние кои избегнуваат да се пријават за регрутација, принудувајќи се повеќе мажи кои не сакаат да служат во војска да се кријат.
Овој потег има за цел да го зголеми бројот на војници, кои се под голем притисок додека Русија продолжува да напредува на исток. По падот на Селидове, руските сили се очекува да се фокусираат на градот Покровск, стратешки важен транспортен центар, оддалечен само 18 километри.