Регионалната влада, исто така, ги повика луѓето да се држат настрана од поплавените или отсечените патишта, велејќи дека на службите за итни случаи им треба пристап и дека сѐ уште може да се акумулира вода од поплавите

Најмалку 51 лице се стравува дека загинале по поројните дождови што ги погодија јужните и источните делови на Шпанија, пренесува „Гардијан“.
Шпанија ја погоди силно невреме кое донесе поројни дождови и поплави во неколку региони кои предизвикаа затворање на патиштата и железничките линии.
Претседателот на источниот регион на Валенсија, Карлос Мазон, рече дека се уште е рано да се говори за бројот на загинати.
„Ова се многу тешки часови за роднините и за исчезнатите. Ќе го потврдиме бројот на жртвите во наредните часови, но во моментов е невозможно да се понуди прецизна бројка. Во шок сме“,
вели тој.
Координативниот центар за итни случаи на владата на Валенсија соопшти дека неговиот протокол за повеќекратни жртви е активиран.
„Првичната бројка што ја регистрираа различни полициски и служби за итни случаи е 51 лице. Почнуваме процес на закрепнување и идентификација на жртвите“,
наведуваат од Координативниот центар за итни случаи.
Регионалната влада, исто така, ги повика луѓето да се држат настрана од поплавените или отсечените патишта, велејќи дека на службите за итни случаи им треба пристап и дека сѐ уште може да се акумулира вода од поплавите.
Државната метеоролошка агенција прогласи црвен аларм во регионот на Валенсија и второ највисоко ниво на тревога во делови од Андалузија.
Интензивниот дожд му се припишува на феноменот познат како „ладна капка“, која се јавува кога студениот воздух се движи над топлите води на Средоземното Море. Ова создава атмосферска нестабилност, предизвикувајќи брз пораст на топол, заситен воздух, што доведува до формирање на обилни дождови низ источните делови на Шпанија.
Научниците велат дека екстремните временски услови како топлотни бранови и бури стануваат се поинтензивни како резултат на климатската криза.
