Тој не одговори конкретно на новинарското прашање, што Унгарија ќе направи за Македонија да ги продолжи преговорите со ЕУ и дали можеби ќе испрати некого на кафе, како што тоа беше случај со него лично, кога на состанокот на европските лидери на кој се расправаше за започнување преговори со Украина, Орбан, кој иако тврдеше дека Украина исполнила само четири од условите и треба да почека, во последен момент се откажа од најавуваното вето и ја напушти салата, со што им помогна на лидерите да донесат едногласна одлука за Украина во негово отсуство
Северна Македонија е кандидат за членство во Европската Унија од 2005 година и заедно со Хрватска во 2008 година доби позитивно мислење. Хрватска веќе е членка на ЕУ, а со Северна Македонија уште не се започнати преговорите за зачленување. Ова е огромна грешка од страна на ЕУ, што би ја карактеризирал како историска и сега може да се стави на квадрат бидејќи Северна Македонија ќе биде ставена зад Албанија, за што не гледам никакви причини, изјави денеска во Охрид унгарскиот премиер Виктор Орбан, чија земја во моментов претседава со ЕУ.
Според него, ЕУ мора да ја има предвид националната гордост на секоја држава, бидејќи таа е најважна, а не да ја повредува, што е случај со Северна Македонија во изминатите 10 години.
„Сакам да нагласам уште еднаш дека националната гордост е најважна работа за една држава и дека ЕУ треба да ја има предвид националната гордост на секоја држава, а ова што се случува со Македонија, тоа е повредување на националната гордост на граѓаните и тоа во изминатите 10 години постојано се случува. Ако гледаме искрено, вие одамна треба да сте членка на ЕУ, а ваков однос на ЕУ на душата на секој прави рани. Ние сметаме дека треба да градиме пријателства, а не да задаваме рани на душата на една нација. Голема грешка е и што ве одвојуваат од една држава што ја форсираат“,
изјави Орбан на заедничката прес-конференција со македонскиот колега Христијан Мицксоки.
Тој не одговори конкретно на новинарското прашање, што Унгарија ќе направи за Македонија да ги продолжи преговорите со ЕУ и дали можеби ќе испрати некого на кафе, како што тоа беше случај со него лично, кога на состанокот на европските лидери на кој се расправаше за започнување преговори со Украина, Орбан, кој иако тврдеше дека Украина исполнила само четири од условите и треба да почека, во последен момент се откажа од најавуваното вето и ја напушти салата, со што им помогна на лидерите да донесат едногласна одлука за Украина во негово отсуство.
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не треба да губиме надеж што Албанија ги продолжува преговорите, а Северна Македонија не и најави дека и понатаму ќе работи на решавање на домашните проблеми кои, како што рече, се многу.
„Не треба да губиме надеж, иако многупати досега се разочаравме во овие децении. Жалам што тоа се случува и што повторно мора да бидеме жртви на билатерализација на проблемите, а не да бидеме оценувани според исполнување на Копенхашките критериуми. Но ние ќе продолжиме да работиме напорно, ќе продолжиме да ги решаваме проблемите дома кои се напластени и многу добро е што имаме пријатели во рамки на ЕУ кои сакаат да го шират нашиот гас во ЕУ. Еден од тие пријатели е премиерот Виктор Орбан кој е наш голем поддржувач. Им посакувам се најдобро на албанската влада во процесот на преговори и се надевам дека и ние еден ден ќе можеме да бидеме дел од тоа семејство и на таа маса“,
рече Мицкоски.
Претходно премиерите Мицкоски и Орбан одржаа тет-а-тет средба, по што имаше и заедничка меѓувладина седница.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја преводи владината делегација составена од десетина министри која од вчера е во посета на земјава. Покрај официјалниот дел, предвидена е и прошетка во Охрид, посета на црквата „Богородица Перивлепта“, Античкиот театар и манастирскиот комплекс „Свети Наум“, а премиерите на двете земји ќе положат и цвеќе пред споменикот на светите браќа Кирил и Методиј во Охрид.
Унгарија во моментов претседава со ЕУ, а Орбан во втората половина од годинава е и претседател на Советот на Европската Унија.