Според ВМРО-ДПМНЕ, Пендаровски пет години не кажал ништо за ниту еден криминал. Оттаму нагласија дека шефот на државата молчел за сè и додаваат дека во голем дел бил и главен режисер
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, денеска го обвини претседателскиот кандидат на СДСМ и актуелен шеф на државата Стево Пендаровски дека е виновен за лошиот извештај на „Фридом хаус“ кој ја смести државата во групата „циклични хибриди“.
Од најголемата опозициска партија оценуваат дека Пендаровски придонел довербата во судството да биде на дното.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Пендаровски пет години не кажал ништо за ниту еден криминал. Оттаму нагласија дека шефот на државата молчел за се, „а во голем дел беше и главен режисер“.
„Стево Пендаровски да каже што договараше со Артан, Али и Ковачевски во вила Водно? Дали амнестија на поранешни политичари преку измена на кривичниот законик, што е осудено од ‘Фридом хаус’? Пендаровски го нема да каже ништо пет години за ниту еден криминал. Тој одмолче се, а во голем дел беше и главен режисер. Пендаровски треба да каже што договараше на состанок во вила Водно со Артан, Али и Ковачевски? Дали договарал измени во кривичниот законик со цел амнестија на некои поранешни политичари со цел притисок врз ВМРО-ДПМНЕ за уставни измени, што не му успеа“,
се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо правда и правичност, додаваат оттаму, „Пендаровски и СДС застанаа на чело на криминалот“.
„Затоа следува пораз за нив. Следуваат промени. Народот ќе си ја врати државата. Македонија повторно горда“,
порачаа од најголемата опозициска партија.
За потсетување, „Фридом хаус“ во најновиот извештај „Државите во транзиција 2024″ оцени дека Северна Македонија заостанува во реформите и назадува во владеењето на правото и борбата против корупцијата.
Извештајот предупредува на долготрајната корупција на високо ниво, а го забележува и судирот на партиите околу уставните амандмани потребни поради бугарското вето за пристапување на земјата во Европската Унија.