Францускиот претседател Емануел Макрон на крајот на минатиот месец не ја исклучи можноста да дозволи распоредување француски копнени трупи во Украина и посочи дека сите опции се отворени, особено во насока на тоа дека сите треба да бидат сигурни, како што рече, дека Русија нема да победи во војната против Украина
Ако Франција испрати свои војници во Украина, нивната ликвидација ќе биде приоритет и главна задача за руските вооружени сили. Ова го напиша заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, на својот канал на Телеграм откако пред неполн месец францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција може да испрати војници во Украина доколку линијата на фронтот се придвижи кон Одеса или Киев.

Според Медведев, ако Французите да испратат неколку воени контингенти во Украина, ќе имаат проблем како да ги сокријат, па, како што вели, нема да биде тешко истите да бидат ликвидирани.
„Нивното уништување ќе биде приоритет и главна задача на нашите вооружени сили“,
напиша Медведев.
Поранешниот претседател на Русија како и многупати досега употреби заканувачки и милитантен речник, насочен кон Франција, но и кон Украина.
„Ќе биде невозможно да се скрие масовната смрт на професионалниот воен персонал. Освен тоа, овде веќе не можете да го игнорирате фактот дека наводно платениците сами си ја избираат судбината и имаат право на живот“,
рече таа.
Според него, тоа ќе биде добра лекција за останатите европски земји.
Претходно директорот на руската служба за надворешно разузнавање Сергеј Наришкин изјавил дека Франција подготвува контингент за испраќање во Украина, кој во првата фаза би броел околу 2 000 војници. Во исто време, според неговите зборови, од Елисејската палата велат дека бројот на убиени Французи во Украина „веќе го преминал психолошкиот праг“, а објавувањето на таквите податоци може да предизвика протести кај граѓаните.
Францускиот претседател Емануел Макрон на крајот на минатиот месец не ја исклучи можноста да дозволи распоредување француски копнени трупи во Украина. Ова тој го соопштил по завршувањето на конференцијата за помош на Украина одржана во Париз посочувајќи дека сите опции се отворени, особено во насока на тоа дека сите треба да бидат сигурни, како што рече, дека Русија нема да победи во војната против Украина.
Макрон рече дека нема консензус за употреба на копнени трупи во Украина, но дека ништо не може да се исклучи во иднина, особено зашто секоја земја може самостојно и суверено да одлучува за распоредување на своите копнени трупи.
„Во овој момент нема консензус за испраќање војници. Ништо не треба да се исклучи. Ќе направиме сè за да не победи Русија“,
рече тогаш Макрон.
Неговата изјава предизвика бурни реакции во француската и европската јавност, многу лидери се оградија, додека други, пак, особено оние од источна Европа, му изразија поддршка.
„Ако Русија победи во оваа војна, кредибилитетот на Европа ќе се намали на нула. Денес, одлучувајќи да се воздржите или да гласате против поддршката за Украина, треба да знаете дека таа не избра мир, но не ја исклучи и можноста на пораз. Тоа е поинаку“,
рече тој.