Тимот на Навални наиде на тешкотии да ангажира превоз за неговиот погреб, кој треба да се одржи денеска во 14 часот по локално време во црква во московскиот кварт Марино, каде што живеел Навални
На социјалната мрежа Икс е објавено видео од улиците на Москва на кое се гледа како уште од рано наутро колона од полициски камиони се упатуваат кон црквата каде што ќе биде извршена комеморација за Навални
Обидите да се ангажира погребно возило за да се однесе телото на телото на Алексеј Навални за да биде погребан биле спречени од непознати лица соопштиja вчеравечер претставниците од неговиот тим, пренесува Си-ен-ен.

Портпаролката Кира Јармиш тврди дека возачите кои требало да го управуваат погребното возило со телото на Навални, како што посочи, биле повикани од непознати луѓе, кои им се заканувале да не го превезуваат телото на Навални.
Јармиш рече дека ѝ било кажано дека ниту едно погребно возило не се согласува да го однесе телото до неговото почивалиште.
Тимот на Навални, исто така, наиде на тешкотии да ангажира превоз за неговиот погреб, кој треба да се одржи денеска во 14 часот по локално време во црква во московскиот кварт Марино, каде што живеел лидерот на опозицијата.
Потоа тој ќе биде погребан на гробиштата „Борисов“.
На социјалната мрежа Икс е објавено видео од улиците на Москва на кое се гледа како уште од рано наутро колона од полициски камиони се упатува кон црквата каде што ќе биде извршена комеморација за Навални.
Alexei Navalny’s public memorial ceremony is set to take place at 12 p.m. Moscow time at a church in southeastern Moscow.
— The Moscow Times (@MoscowTimes) March 1, 2024
Footage published by @mediazzzona this morning showed a convoy of police trucks heading toward the church.pic.twitter.com/rkRuBYRS6U
Инаку, според Си-ен-ен, тимот на Навални со соочи со многу предизвици додека го организираше неговиот погреб. Многу компании им ги одбиле резервациите откако ќе се споменело името на Навални, додека на едно место експлицитно им рекле дека им е забрането да работат со тимот на Навални, за што јавно зборуваше и Јармиш.
Тимот првично планираше јавно збогување и погреб за починатиот руски опозициски лидер во четврток, но им беше кажано дека нема достапни работници на гробиштата кои можат да ископаат гроб.
Навални почина на 16 февруари во казнената колонија во Сибир каде што отслужуваше 19-годишна затворска казна откако беше прогласен за виновен за создавање екстремистичка заедница, финансирање екстремистички активисти и разни други злосторства во август.
Руската затворска служба соопшти дека Навални починал по прошетката во затворот, после која рекол дека се чувствувал лошо и речиси веднаш изгубил свест.
Навални беше лидер на руската опозиција од највисок профил и со години го критикуваше Путин.
Неговата смрт дојде неколку недели пред претседателските избори во земјата, закажани на 15 март, што според меѓународната заедница се смета како формалност, што ќе му обезбеди на Путин петти мандат на власт.
Приврзаниците на Навални го обвинуваат рускиот претседател Владимир Путин за неговото убиство бидејќи не можел ни да помисли тој да биде ослободен во евентуална размена на затвореници.
Јулија Навалнаја, вдовицата на покојниот руски опозициски лидер Алексеј Навални, пред два дена одржа говор пред членовите на парламентот на ЕУ.
На почетокот на својот говор таа ја одбележа втората годишнина од војната во Украина опишувајќи ја како „брутална и предавничка“.
Јулија истакна и дека Навални бил мачен три години по наредба на Путин, дека бил изгладнет во мала камена ќелија, отсечен од светот.
Како што пренесува Си-ен-ен, повеќе од 400 луѓе биле приведени на импровизираните споменици за Навални низ 32 руски града.