ЈСП „Скопје“ денеска соопшти дека јавниот превоз в петок (1.5.2020 год.), сабота (2.5.2020 год.) и в недела (3.5.2020 год.) ќе функционира од 5 до 14 часот, во согласност со одлуката за забрана за движење во овие денови, а автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Останатиот тековен возен ред, до исклучувањето на возилата до 14 часот, може да се види на веб-страницата www.jsp.com.mk.
В петок (1.5.2020 год) и в недела (3.5.2020 год) од 7:30 до 12 часот ќе работат билетарниците на Зелено пазарче и Ѓорче Петров, а во истиот период отворен ќе биде и центарот за персонализација на Транспортен центар (автобусот).
В сабота (2.05.2020 год.) од 7:30 до 12 часот ќе работат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел (пазар), билетарницата на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП „Скопје“.
Отворени од 7:30 до 12 часот ќе бидат центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит-пазар и центарот на Транспортен центар (автобусот).
