Зеленски рече дека без американска помош на Украина ќе ѝ биде тешко да продолжи да се бори во текот на оваа година и нема да може да постигне никакви придобивки на бојното поле
Не можам да разберам како поранешниот американски претседател Доналд Трамп може да биде на страната на рускиот претседател Владимир Путин, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски за Си-ен-ен коментирајќи ги изјавите на Трамп дека доколку повторно стане претседател на САД за еден или два дена би го решил конфликтот во Украина.
„Мислам дека Доналд Трамп не го познава Путин. Да, можеби го запознал, но никогаш не се борел со Путин. Американската армија никогаш не се борела со војската на Русија. Никогаш, затоа имам и поголемо разбирање“,
рече тој.

Според Зеленски, Трамп не можел да сфати дека Путин никогаш нема да сопре да се бори.
Се очекува Трамп да се кандидира за републикански претседателски кандидат. Тој во минатото одбиваше да каже дали сака Русија или Украина да ја добијат војната.
Според него, Русија троши милијарди за ширење лажни информации за војната и дека е успешна во користењето на дезинформациите како оружје.
„Бев изненаден колку се тие се силни, дури и во САД, во Европската Унија, насекаде низ светот. Тие вложија многу пари за ова“,
рече тој.
Надувувањето на бројот на украинските жртви, според Зеленски е само еден пример за тоа како Русија шири лажни наративи,претседателот.
Изминатиот викенд, украинскиот претседател по првпат го откри бројот на убиени украински војници во конфликтот и рече тој изнесува 31 000 илјада војници.
Како што објави Си-ен-ен, американските власти проценуваат дека околу 70 000 војници се убиени, а речиси двојно повеќе се ранети.
Украина имаше тежок почеток на годината. Претрпе голем пораз на почетокот на овој месец кога украинските трупи се повлекоа од Авдиивка, источен град во Украина со кој владееја веќе цела деценија.
Зеленски и другите украински и западни функционери рекоа дека Авдиивка е изгубена бидејќи војниците немале доволно муниција да ја одбранат.
Американскиот конгрес продолжува да го кочи пакетот воена помош од 60 милијарди долари на претседателот Џо Бајден за Украина.
Зеленски рече дека без американска помош, на Украина ќе и биде тешко да продолжи да се бори во текот на оваа година и нема да може да постигне никакви придобивки на бојното поле.
Според него, клучен е тајмингот за оваа помош, зашто смета дека Русија би можела да се обиде со нова офанзива кон Украина уште кон крајот на мај.
Трамп повеќепати нагласи дека во случај на победа на претседателските избори во САД ќе го реши конфликтот во Украина за ден или два.