Основното јавно обвинителство Прилеп бара вкупна казна од 50 000 евра за 25 лица кои не го почитувале полицискиот час, што е казниво по член 206 став 1 од КЗ за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопштија од прилепското обвинителство.
„За обвинетите за одделни кривично правни настани, во периодот од 23.4.2020 до 28.4.2020 година, обвинителството поднесе предлози за издавање казнени налози до основните судови во Прилеп и Крушево заради непочитување на мерките на Владата за спречување на ковид-19, односно заради прекршување на полицискиот час“,
појаснуваат од ОЈО Прилеп.
За секој од обвинетите, обвинителството предложи да им биде изречена парична казна од по 100 дневни глоби со вредност на глобата од 20 евра во денарска противвредност.
