Во очекување на новиот извештај за територијата на цела држава, прилепската локална самоуправа соопшти дека таму денеска се регистрирани два нови случаи на ковид-19, но и пет оздравени пациенти.
Регистрирано е и едно излекувано лице во Крушево.
Според најновите информации, на инфективното одделение во градската болница во Прилеп, моментално се хоспитализирани 17 лица, позитивни на коронавирус. Двајца од нив се на кислородна поддршка, останатите се со стабилна клиничка слика.
Четири пациенти се наоѓаат во делот на изолација. Од нив, два се негативни на коронавирусот, но задржани се поради примање терапија за подобрување на нивната општа здравствена состојба, а на другите двајца земен им е брис и се чекаат резултатите.
Во Прилеп, во самоизолација се наоѓаат 242 лица. Во деновите од викендот забележани се пет нарушувања на полицискиот час.