Компанијата „Еколог Интернешнл“ донира неколку илјади таблет-компјутери за учениците кои имаат потреба од вакви електронски уреди за да можат да ја следат наставата „онлајн“.
„Оваа донација е наменета за учениците кои останаа надвор од образовниот процес, заради недостаток на дигитални уреди. Една од најважните работи што можеме да ја направиме заеднички за време на кризата на ковид-19 е да се осигураме дека иднината на оваа земја, децата, ќе продолжуват наставата без пречки“,
вели филантропот Лазим Дестани.
Од компанијата велат дека побарале и добиле информации од државните институции за најитните случаи каде се потребни вакви електронски уреди. Така, во рамки на оваа донација ќе бидат опфатени десетина места почнувајќи од Скопје, Тетово, Гостивар, Битола, Кичево, Охрид, Струга, Дибра, Прилеп, Куманово, Велес, Струмица, Гевгелија и продолжувајќи до рурални делови на земјата.
„Овој проект беше еден редок логистички предизвик, но и посебна мотивација. Исклучително сме задоволни што и покрај тешкотиите поради нефункционалноста на пазарот, успеавме да го финализираме проектот за снабдување на неколку илјади електронски уреди, за деца кои имаат потреба низ целата држава. Помошта за семејствата и радоста на лицата на децата е нашето најголемо задоволство “,
велат од менаџментот на компанијата.
За планот за донацијата и каде ќе завршат таблетите се работено во последните две недели.