Нови 37 оздравени пациенти, вкупно 374
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) регистрира 37 оздравени пациенти.
Од нив 2 пациенти од болничко лекување и 35 кои се лекуваа во домашни услови. Оздравените пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Скопје-11, Прилеп-11, Кочани-4, Гостивар-2, Дебар-2, Струга-1, Охрид-1, Битола -1, Крушево – 1, Тетово – 1.
Со денешните, вкупниот број на оздравени пациенти изнесува 374.
Денеска, пак, беа регистрирани и 41 нов случај и два смртни случаи.
*Поврзани вести:
МЗ: Направени рекордни 728 тестирања од кои 41 се позитивни
Гостиварец почина на Инфективна, позитивен на ковид-19 бил и починат 25-годишен скопјанец