На Инфективната клиника во Скопје почина пациент на 36 години од Гостивар, соопшти Министерството за здравство.
Тој освен обезност немал други коморбидитети, но неговата клиничка слика била тешка.
Во денешната евиденција на Институтот за јавно здравје ќе биде заведен и пациент од Скопје кој бил на возраст од 25 години.
„Пациентот починал на 23 април, а неговиот втор постмортем позитивен резултат пристигнал утрово. Пациентот имал Даунов синдром, бил хоспитализиран на 20 април со тешка клиничка слика и наод бронхопневмонија“,
соопштија од Министерството.
Со овие двајца пациенти, вкупниот број на смртни случаи од ковид-19 во земјава изнесува 59.
Денеска се регистрирани и 41 нов случај и 37 оздравени пациенти.
*Поврзани вести: