Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа направени се рекордни 728 тестирања, а потврден е 41 нов случај на ковид-19 и тоа во: Скопје – 17, Куманово – 8, Прилеп – 8, Тетово – 4, Струга – 1, Велес – 2 и Битола – 1.
Со ова вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја изнесува 1367, а последната дистрибуција по градови е следна:
Скопје – 468
Куманово – 363
Дебар – 51
Штип-34
Прилеп –139
Тетово – 73
Струга – 62
Велес – 63
Битола –19
Охрид –15
Кавадарци – 5
Гостивар –14
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-5
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 28
Пробиштип – 2
Кичево – 2
Неготино -4
Демир Хисар – 1
Македонски Брод -2
Пехчево- 1
Валандово -1
Виница – 1
Направените 728 теста се преку: ИЈЗ – 523, Ветеринарен факултет – 18, Авицена – 20, Биотек – 46, Филип Втори (Жан Митрев) – 97, Систина со PCR метода – 20 и МАНУ – 4. Досега во земјата се направени вкупно 14 758 тестирања на ковид -19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се примени 4 пациенти, а хоспитализирани вкупно 60. На кислородна поддршка се 25, а на механичка вентилација се 5 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 37. Со потешка клиничка слика се 5, а на респираторна машина се 8 пациенти.
Во болницата во Битола се лекуваат 6 пациенти, 1 пациент е во тешка општа состојба, 11 пациенти се следат домашно лекување. Во Штип се хоспитализирани 2, а на домашно лекување се следат уште 9 пациенти.
*Поврзани вести:
Гостиварец почина на Инфективна, позитивен на ковид-19 бил и починат 25-годишен скопјанец