По документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава, соопшти полицијата
Полицијата на двапати запленила вкупно 7 000 парчиња различни огномети и петарди од 60-годишен битолчанец (З. Т.).
Имено, по наредба од Основен суд Битола, денеска, околу 1 часот по полноќ полицијата направила претрес во домот и во помошна просторија на битолчанецот, при што пронашла 4 080 парчиња различни пиротехнички средства.
Претходно, вчера во 20.30 часот на улицата „Филип Втори Македонски” во Битола, при преглед на патничкото возило „поло” со битолски регистарски ознаки, сопственост на истиот човек, пронајдени се 2 713 парчиња различни пиротехнички средства.
„По документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава“,
соопшти полицијата.



