Tоварeн воз, кој сообраќа на линијата Велес – Прилеп, удрил во автомобил, при што возачот на автомобилот се здобил со тешки повреди.
Како што информира полицијата, утринава во 6:40 часот, на патниот премин кај влезот на Фабриката за порцелан во Велес, товарен воз удрил во патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.Џ.(16) од с. Согле, Општина Чашка.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека возачот на возилото со тешки телесни повреди е пренесен во болницата во Велес.
На местото на настанот е извршен увид.