Полицискиот час, кој вчера започна во 19 часот и заврши утрово во 5 часот, го прекршиле 33 лица. Од нив 25 биле приведени, на другите земени им се податоци.
Од оние што се наоѓаат во изолација, пак, полицијата не евидентирала некој да ја прекрши.
Во текот на изминатото деноноќие, соопшти МВР, на 112 лица им се издадени решенија за изолација, а 82 потпишале изјава за самоизолација.
