На првиот ден кога стапи во сила забраната за движење без маска или марама на сите јавни места и површини на територијата на Прилеп, Општината информираше дека подели 15 000 заштитни маски за граѓаните.
Од нив, 3 500 маски биле поделени на Здружението на пензионери и Здружението на инвалидски пензионери, а останатиот дел, како што велат, им се поделени на граѓани затекнати на улица или се доставени до нивните домови.
„Во акцијата се вклучија и претседателите на урбаните заедници, кои во текот на денот ќе распределат заштитните маски на домашните адреси на граѓаните од нивните локални средини. Акцијата на делење бесплатни заштитни маски ќе продолжи и во наредните денови“,
се вели во соопштението на Општина Прилеп.
Од Општината посочуваат дека маските ги изработуваат и донираат неколку фирми кои велат ќе продолжат со овие активности додека има потреба.
Инаку, во последното деноноќие на територијата на Прилеп се откриени 9 нови случаи на коронавирусот, со што вкупниот број на регистрирани случаи на ковид-19 во оваа општина достигна 126 лица.