Критикувајќи дека недостига заштитна опрема за медицинските лица, ВМРО-ДПМНЕ бара да се формира посебен фонд и да се направи централизирана набавка за потребите на здравството.
Обвинуваат дека дел од здравствените работници се оставени сами да се снаоѓаат за нивна заштита, додека, како што велат, расте бројот на заболени медицински лица од ковид-19.
„Владата и министерот за здравство Филипче треба да дадат одговор зошто е дозволена ваквата ситуација и до кога ќе расте бројот на заразени здравствени работници? Бараме да се обезбеди фонд од 10 милиони евра за медицинска заштита и за сè што е потребно. Да се направи централизирана набавка на целокупниот потребен материјал кој е неопходен за работа на здравствените работници и со тоа да се намали бројот на заразени од коронавирусот во здравствените установи. Доколку владата не реагира брзо на барањата, ќе се соочиме со нови заразени во здравствените установи со што ќе се намалат капацитетите на здравствениот систем“,
се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ