Во одлуката за Миодраг Дака Давидовиќ се вели дека со децении перел пари за криминални синдикати, зајакнувајќи го своето влијание и вршејќи го својот криминален потфат на шверц со цигари, нафта и оружје во Црна Гора. Во дел од образложението се потенцираат и неговите контакти и релации со поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.
Американското министерство за финасии пишува дека токму тој скандал довел и до апсење на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски
Соединетите анерикански држави ја прошијата „црната листа“ со нови имиња од Балканот, поради корупција и активности кои биле во корист на Русија, а на штета на нивните матични држави.
На листата се најдоа десетина лица и компании, како од Северна Македонија, така и од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина.
„Русија продолжи да го користи своето влијание на Западен Балкан за да ја спречи интеграцијата на регионот во меѓународните институции и организации и да ги користи клучните јурисдикции за да ги олесни своите агресивни дестабилизирачки активности. Денешната акција ги потврдува широките напори на американската влада за промовирање на мирот, стабилноста и функционалното демократско владеење во регионот на Западен Балкан“,
рече потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање на Министерството за финансии Брајан Е. Нелсон.
Листата на Црна Гора брои уште двајца нови, Мидраг Дака Давидовиќ и Бранислав Брано Миќуновиќ.
Во одлуката за Миодраг Дака Давидовиќ се вели дека со децении перел пари за криминални синдикати, зајакнувајќи го своето влијание и вршејќи го својот криминален потфат на шверц со цигари, нафта и оружје во Црна Гора.
Во образложението се потенцираат и неговите контакти и релации со поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.
Американското министерство за финасии пишува дека токму тој скандал довел и до апсење на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.
се вели во одлуката на Американското министерство за финасии.
„Неговите коруптивни активности ги овозможија напорите на Русија да ја компромитира независноста на демократските институции и судството во земјата, вклучително и нејзините напори да влијае на изборните резултати. Тој беше вмешан и во скандалот што доведе до апсење на генералниот секретар на Владата на Северна Македонија, Драги Рашковски, главен советник на поранешниот премиер на Северна Македонија, Зоран Заев. Рашковски наводно примил поткуп од Давидовиќ за да има средба со премиерот Заев за да ги унапреди бизнис неговите бизнис интереси. Од 1991 до 1992 година, Давидовиќ беше министер за трговија во владата на самопрогласениот Српски автономен регион (ДЗР) на БиХ“,
Давидовиќ е назначен согласно извршна наредба 14033 за одговорност или соучесник во, или директно или индиректно вмешан во корупција поврзана со Западен Балкан, вклучително и корупција од, во име, или на друг начин поврзан со влада на Западен Балкан, или актуелен или поранешен владин функционер на кое било ниво на власт во Западен Балкан, како што е злоупотреба на јавниот имот, експропријација на приватни средства за лична корист или политички цели или поткуп.
Дополнително, се вели во одлуката на американското министерство за финасии, Давидовиќ е означен како одговорен или соучесник или директно или индиректно вклучен во акции или политики кои го загрозуваат мирот, безбедноста, стабилноста или територијалниот интегритет на која било област или држава на Западен Балкан.
Во 2021 година „360 степени“ ја објави првата од серијата истражувачки стории, во која се обелодени дека ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, купил софтвер за автоматско казнување за сообраќајни прекршоци од 81 000 евра.