Основата за ставањето на „црна листа“ за брачната двојка Самсоненко и мајката на Камчев се трансакциите опфатени со случајот „Парцели на Водно“, во кој Самсоненко сведочеше, а Камчева со синот Орце беше обвинета за перење на пари
Сергеј Самсоненко, неговата сопруга Ирина и Ратка Куновска Камчева, мајката на Јордан Орце Камчев се најдоа на американската „црна листа“, каде им се придружија на веќе споменатиот Јордан Орце Камчев, Рамиз Мерко, Никола Груевски и Сашо Мијалков.
Одлуката е објавена попладнево, на веб-страната на Американското министерство за финансии.
На листата се ставени и компаниите „Систина Лајф Кеар Центар“, „Орка Холдинг“, „Бет сити“, „Орка Фајнанс“, „Камчев консалтинг“.
Самсоненко, Ирина и Куновска Камчева се именувани согласно извршната наредба 14033 на американската администрација поради „материјално помагање, спонзорирање или обезбедување на финансиска, материјална или технолошка поддршка, како и стоки и услуги за поддршка на Јордан Камчев.
Основата за ставањето на црна листа за брачната двојка Самсоненко и мајката на Камчев се трансакциите опфатени со случајот „Парцели на Водно“, во кој Самсоненко сведочеше, а Камчева со синот Орце беше обвинета за перење на пари.
Во одлуката се вели дека Сергеј Самсоненко е двоен државјанин на Русија и Северна Македонија и е богат бизнисмен кој живее во Северна Македонија.
„Помеѓу 2017 и 2018 година, Самсоненко и неговата сопруга, Ирина Самсоненко, исто така двојна државјанка на Русија и на Северна Македонија, купиле земја од Јордан Камчев. Оваа набавка на крајот го поттикна Самсоненко да сведочи пред судот во Северна Македонија за време на судскиот процес „Парцели на Водно“ во кој и Камчев и неговата мајка Ратка Куноска Камчева беа обвинети за перење пари. Во 2021 година, Самсоненко извршил исплати на неговата сопруга Ирина. Во истиот рок, Ирина префрлила пари на „Камчев Консалтинг“ Скопје ДООЕЛ и „Орка Фајнанс“ Скопје ДООЕЛ и двете компании се поврзани со Камчева. Исто така, во истиот временски рок, парите што им биле префрлени на „Камчев Консалтинг“ и „Орка Фајнанас“ беа искористени за плаќање на заем поврзан со „Орка Холдинг“ АД, компанија поврзана со Јордан Камчев. Дополнително, Самсоненко и Ирина ја купиле фирмата „Систина Лајф Кеар Центар“ Скопје ДООЕЛ, друг субјект вмешан во судскиот процес „Парцели на Водоно“, од Камчев и Камчева. Конечно, Бет Сити Интернационал ДОО Скопје, спортска обложувалница, половина е во сопственост на Самсоненко, а половина сопственост на Орка Холдинг, чиј директор е СДН Јордан Камчев“, се вели во одлуката на Американското министерство за финасии.
Самсоненко, Ирина и Камчева се именувани согласно извршна наредба 14033 за материјално помагање, спонзорирање или обезбедување финансиска, материјална или технолошка поддршка или стоки или услуги или за поддршка на Јордан Камчев, лице чиј имот и интереси во имот се блокирани согласно извршна наредба 14033.
„Систина Лајф Кеар Центар“ се определува согласно 14033 за тоа што е во сопственост или контролирана од, или дејствувала или наводно дејствувала за или во име, директно или индиректно, со Ирина, лице чиј имот и интереси во имотот се блокирани во согласност со 14033.
„Бет Сити“ е назначен во согласност со 14033 затоа што се во сопственост или контролирани од, или дејствувале или наводно дејствувале за или во име, директно или индиректно, со Самсоненко и Камчев, лица чиј имот и интереси во имот се блокирани согласно 14033.
„Орка Холдинг“ АД е конгломерат поврзан со Камчев кој работи во широк спектар на индустрии. „Орка Фајнанас“ и „Камчев Консалтинг“ се компании за консултантски услуги и деловни услуги во рамките на мрежата „Камчев“ и се во сопственост на Камчева.
„Орка Холдинг“ се назначува согласно 14033 затоа што е во сопственост или контролиран од, или дејствувал или наводно дејствувал за или во име, директно или индиректно, со Камчев, лице чиј имот и интереси во имот се блокирани согласно 14033. Орка Фајнанас и Камчев Консалтинг се определуваат согласно Е.О. 14033 дека е во сопственост или контролирана од, или дејствувал или наводно дејствувал за или во име, директно или индиректно, со Камчева, лице чиј имот и интереси во имот се блокирани согласно Е.О. 14033.