Влада ги задолжи сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции кои имаат свои седишта или подрачни единици на подрачјето на Општина Куманово, и упати укажувања до Општина Куманово и јавните претпријатија и другите правни лица основани од Општина Куманово, да ги редуцираат своите капацитети и да воведат посебни мерки за заштита, со цел поголем број лица да бидат изолирани во овој период.
Исклучок од оваа мерка, која Владата ја донесе на денешната седница, се вработените лица од Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана – Армијата на Република Северна Македонија, од јавните здравствени установи, како и вработените во територијалните противпожарни единици на подрачјето на Општина Куманово, се вели во соопштението од владината прес-служба објавено вечерва.