Трансферот и транспортот на навивачот го договориле медицинските тимови од Болницата за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и софиската болница, објави ТВ Телма
Вечерва, пак, во Софија се игра реванш мечот меѓу двете екипи во рамките на квалификациите за Лигата на конференции. УЕФА го прогласи вечерашниот натпревар за меч од висок ризик и забрани присуство на гостински навивачи. Министерството за внатрешни работи на Бугарија вчера соопшти дека ќе преземе засилени безбедносни мерки за натпреварот во Софија
Дваесет и деветгодишниот бугарски навивач кој пред пред точно една недела беше избоден во скопската населба Чаир денеска попладне со хеликоптер е пренесен на натамошно лекување во Софија, пренесоа македонските медиуми.

Тој околу 13 часот со санитетско возило од Клиниката за хируршки болести бил превезен на скопскиот аеродром. Таму бил пречекан од бугарски хеликоптер кој го пренел до Воено-медицинската академија во Софија.
Трансферот и транспортот на навивачот го договориле медицинските тимови од Болницата за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и софиската болница, објави ТВ Телма.
„Во добра здравствена состојба е. Прашање е колку и му е потребно таму болничко лекување. Меѓутоа по седум дена успешно лекување кај нас, сепак фамилијата на пациентот реши наредните неколку дена да ги помине во бугарска болница. Пренесен е со хеликоптер заради карактерот на повредата. Се работи за повреда на црниот дроб и самата оперативна интервенција на некој начин диктира транспортот да биде поудобен“,
вели за ТВ Сител директорот на болницата „Свети Наум Охридски“ во Скопје, Љубен Арсенков.
Од надлежното обвинителство за медиумите информираа дека денеска извршиле распит на навивачот пред да биде отпуштен од болница. Инаку, Министерството за внатрешни работи и обвинителството идентификуваа четири лица на возраст од 28 до 32 години, осомничени за учество во инциндентот. Сепак надлежните сè уште трагаат по лицето што е осомничено дека го избодило бугарскиот навивач.
„Надлежниот јавен обвинител денеска изврши распит на оштетениот пред неговото отпуштање од болница и ја обезбеди целокупната медицинска документација. Постапката против четири за кривично дело насилство продолжува. Се трага и по лицето за кое постои сомнение дека е директно одговорно за нанесување на тешката телесна повреда на бугарскиот државјанин,
велат од обвинителството.
Инаку, натпреварот меѓу фудбалските тимови на Шкупи и Левски од Софија, минатиот четврток го одбележаа повеќе инциденти. Полицијата тогаш извести дека биле уапсени вкупно 21 лице. Двајца навивачи на Шкупи и деветнаесет на Левски се товарат за нарушување на јавниот ред и мир – пред и за време на натпреварот.
Како што соопшти тогаш МВР, навивачите на бугарскиот тим освен што го нарушиле јавниот ред и мир, физички нападнале и полицајци.
Вечерва, пак, во Софија се игра реванш мечот меѓу двете екипи во рамките на квалификациите на Лигата на конференции. УЕФА го прогласи вечерашниот натпревар за меч од висок ризик и забрани присуство на гостински навивачи.
Министерството за внатрешни работи на Бугарија вчера соопшти дека ќе преземе засилени безбедносни мерки за натпреварот во Софија.

„Униформирани лица ќе ја надгледуваат и ќе помагаат на ангажираната фирма за обезбедување да не им дозволи влез на оние на кои им е забрането да присуствуваат на спортски настани, оние во видно алкохолизирана состојба, како и за носење забранети предмети и предмети – огнено оружје, пиротехнички средства, ножеви, палки, кутии, шишиња, вклучувајќи парфеми и чадори. За безбедноста на спортскиот настан е одговорна приватна компанија за обезбедување, чија задача е да обезбеди зачувување на редот на територијата на стадионот за време на состанокот. Пред, за време и по фудбалскиот натпревар, полициските службеници ќе го следат зачувувањето на јавниот ред и мирот и спречувањето на кривични дела на територијата на главниот град“,
се наведува во соопштението на бугарското МВР.