До овој момент сум во одлична здравствена и физичка кондиција, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, откако министерот Венко Филипче објави дека тој и Зоран Заев се ставени во задолжителна самоизолација поради контакт со заразен новинар.

„Во текот на вчерашниот ден, по добивање на информацијата дека е нарушено здравјето на новинарот со кој имав интервју точно пред една недела и истото се поврзува со пандемијата, направив тест чии резултати се негативни. Но, ќе ги почитувам препораките на здравствените лица и во наредниот период од неколку дена ќе останам во изолација. Се надевам на брзо закрепнување на новинарот и негово брзо враќање на работното место. Продолжувам од мојот дом да ја следам актуелната состојба. Да им даваме поддршка на оние што се во првата линија против пандемијата. Ја користам оваа пригода да им се заблагодарам на сите оние што пројавија интерес за моето здравје. И понатаму активно ќе се бориме против пандемијата која донесе тешка здравствена, санитарна и економска криза. Сигурен сум дека на крајот заеднички ќе победиме затоа што секој живот вреди и затоа што ја сакаме Македонија. Бидете живи и здрави“,
порача Мицкоски.
Резултатот на Заев, пак, треба да биде готов денеска. Тој ќе биде во самоизолација во Струмица.
*Поврзана вест: Заев се чувствува добро, ама ќе остане во изолација дома во Струмица