Наместо со европско знаменце и по скратена постапка, претседателот на средбата со вработените во овој сектор уште еднаш апелирал предложените измени да бидат во регуларна процедура за да се остави доволен период за да се соочат ставовите на сите засегнати страни и да се изнајде соодветно решение
Пендаровски и минатата недела апелираше до Владата овие законски измени наместо со европско знаменце да одат во регуларна процедура во парламентот
За предложените измени во Законот за игри на среќа е неопходна јавна дебата во која страни ќе можат да го изнесат својот став, со цел да се најде решение кое истовремено ќе го штити националниот интерес и ќе претставува баланс меѓу засегнатите страни.
Ова денеска го нагласил претседателот Стево Пендаровски за време на средбата со претставници на Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“.

Тие го информирале претседателот оти носењето на законските измени, кои предвидуваат оддалечување на објектите за игри на среќа од училиштата на не помалку од 500 метри, ќе доведат до губење работни места на вработените во овој сектор и ќе придонесат кон драматични финансиски импликации.
„Тие изразија негодување и за одлуката предложените измени да бидат со европско знаменце, што подразбира да се одвиваат со побрза динамика и скратена постапка, а посочија дека во предложените измени има серија одредби кои не се во согласност со Уставот“,
се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот.
Наместо со европско знаменце и по скратена постапка, Пендаровски на средбата со вработените во овој сектор уште еднаш апелирал предложените измени да бидат во регуларна процедура за да се остави доволен период за да се соочат ставовите на сите засегнати страни и да се изнајде решение според највисоките европски стандарди за организирање игри на среќа.
Пендаровски и минатата недела апелираше овие законски измени да одат во регуларна процедура. Шефот на државата ова го порача за време на заедничката прес-конференција со австрискиот претседател Александер ван дер Белен кој беше во посета на земјава.
„Би апелирал, доколку Владата има таква намера, тој предлог-закон да не го турка во процедура со европско знаменце. Значи, да оди во регуларна процедура, за да може да ги соочиме сите ставови и да видиме кои навистина се европски стандарди и што пред сè е наш национален интерес и интерес на нашите граѓани“,
рече претседателот минатата недела за време на прес-конференцијата со Ван дер Белен.