Како што веќе објавивме, меѓу основните училишта во кои стигнале дојави се: „Димитар Миладинов“, „Ј. Х. Песталоци“ и Коле Неделковски“ во Центар; „Ацо Шопов“ во Бутел; „Кузман Јосифовски Питу“ во Кисела Вода и „Гоце Делчев“ во Аеродром
Сите дојави за наводно поставени бомби кои денеска пристигнаа на електронските адреси на повеќе скопски училишта се лажни, информираат од Министерството за внатрешни работи.
„Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 38 основни и 9 средни училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“,
соопштија од МВР.
Како што веќе објавивме, меѓу основните училишта во кои стигнале дојави се: „Димитар Миладинов“, „Ј. Х. Песталоци“ и Коле Неделковски“ во Центар; „Ацо Шопов“ во Бутел; „Кузман Јосифовски Питу“ во Кисела Вода и „Гоце Делчев“ во Аеродром.
Од почетокот на годинава, ова е вторпат да има закани со бомби откако првите дојави беа пријавени кај надлежните минатиот петок (3 февруари).