Многумина дојдоа облечени во црвено, боите на Работничката партија на Лула, други пак мавтаа со плакати на кои пишуваше „Нема амнестија за пучистите“ и повикаа одговорните да бидат казнети. Имаше и скандирања „затвор за Болсонаро“
Десетици илјади луѓе во Бразил одржаа продемократски митинзи, како одговор на упадот на поддржувачите на поранаешниот претседател на земјата, Жаир Болсонаро во Конгресот, јавува Би-би-си.
Во бразилски град во земјата Сао Паоло, толпата извикуваше дека Болсонаро мора да оди во затвор.
Околу 1 500 луѓе се приведени поради нередите во неделата во главниот град на Бразилија.
Нередите, кои веднаш беа споредени со упадот на поддржувачите на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп во Конргресот на САД на 6 јануари 2021 година, се случија една недела откако претседателот Луис Инасио Лула да Силва положи заклетва по изборите во октомври кои го поделија Бразил.
Седумдесет и седумгодишниот Лула ги посети оштетените згради на Конгресот, претседателската палата и Врховниот суд заедно со гувернерите на земјата, осудувајќи ги, како што рече „терористичките акти“ и вети сторителите ќе бидат казнети.
Болсонаро (67) не го призна поразот на претседателските избори и замина во САД пред инаигурацијата на Лула. Вчера, според информациите, тој бил примен во болница во Флорида поради болки во стомакот.
Во меѓувреме во Бразил се одржаа улични собири во голем број градови и населени места.
Одзивот на демонстрациите во Сао Паоло беше импресивен, јавува Би-би-си. Дел од авенијата Паулиста, најпознатата улица во Бразил, беше блокирана додека толпата ја исполни областа, пеејќи, танцувајќи и скандирајќи за правда.
Многумина дојдоа облечени во црвено, боите на Работничката партија на Лула, други пак мавтаа со плакати на кои пишуваше „Нема амнестија за пучистите“ и повикаа одговорните да бидат казнети. Имаше и скандирања „затвор за Болсонаро“.
„Не се согласувам со она што се случи во Бразилија – тоа беше кошмар. Не се согласувам со оние кои веруваат дека со демократијата можете да ја искористите својата моќ за да ја уништите демократијата“,
рече Габриел, еден од демонстрантите со кои разговарала екипата на британскиот национален сервис.
„Сакам да му покажам на светот и нашата земја дека иако има илјадници луѓе кои веруваат дека изборите не биле валидни, овде во Бразил имаме огромен број луѓе кои веруваат дека можеме да и веруваме на нашата влада, можеме да веруваме во нашата демократија“,
рече тој.
Марина Родригес Кармона, друг демонстрант, изјави дека поларизацијата во земјата е голем проблем.
„Секој има свои идеи и мислам дека нема многу дијалог меѓу двете страни“,
вели таа.
На продемократските протести беше забележително големото присуство на полицијата,
На моменти атмосферата беше тензична, бидејќи луѓето сè уште го обработуваат она што се случи во Бразилија во неделата и нервите сè уште не се смирени за многумина.
Во драматичниte сцени во Бразилија во неделата, илјадници демонстранти облечени во жолти фудбалски дресови и знамиња на Бразил го пробија полициското обезбедување и упаднаа во Конгресот, претседателската палата и Вховниот суд на Бразил.
Лула беше принуден да ја стави полицијата под контрола на централната влада.
Еден ден подоцна тешко вооружени полицајци почнаа со растурање на кампот на приврзаниците на Болсонаро во Бразилија – еден од многуте што беа поставени надвор од армиските касарни низ целата земја по претседателски избори во земјата.
Шокантните видео снимки сведочеа како милитантите поддржувачи на Болсонаро ги вандализираат претседателските канцеларии, талкаат по ходниците на зградата и дивеат во зградата бразилскиот Врховен суд, чии прозорци беа искршени.
Лула не беше во Бразилија во моментот на нападот, но тој одржа говор обвинувајќи го Болсонаро за хаосот и вети дека секој вмешан ќе биде казнет.
Нарекувајќи ги оние што учествуваа во нападите „вандали, неофашисти и фанатици“, Лула нареди федерална интервенција во главниот град.
Болсонаро, екстремно десничарски поранешен армиски капетан чиј главен меѓународен сојузник беше Трамп одговори на настаните во неделата со кратка низа објави на социјалните мрежи во кои вели дека инвазијата на јавните згради ја преминала границата.