На барање на министерот Сали, поранешната директорка на Детската клиника Аспазија Софијанова и директорот на Клиниката за онкологија д-р Нино Васев на почеток на месецов поднесоа оставки од функциите. Одлуката на министерот следуваше по увидот на Фондот за здравствено осигурување во неколку клиники, при што во Детската клиника биле утврдени нерегуларности во прераспределба на исплатите во однос на дежурствата и другите ангажмани при формирањето плата за еден вработен
Ексдиректорката на Клиниката за детски болести д-р Аспазија Софијанова, пред да си даде отказ од функцијата, на Клиниката ѝ ги вратила сите исплатени средства, информира денеска министерот за здравство Беким Сали.
Тој, сепак, не објасни што се подразбира под „сите исплатени средства“.
На барање на министерот Сали, поранешната директорка на Детската клиника Софијанова и директорот на Клиниката за онкологија д-р Нино Васев на почеток на месецов поднесоа оставки од функциите.
Одлуката на министерот следуваше по увидот на Фондот за здравствено осигурување во неколку клиники, при што во Детската клиника биле утврдени нерегуларности во прераспределба на исплатите во однос на дежурствата и другите ангажмани при формирањето плата за еден вработен.
Увидот во клиниките од страна на Фондот за здравство следуваше откако ТВ Клан објави дека, сега веќе поранешната директорка на Детската клиника, Аспазија Софијанова, земала над 3 000 евра месечно од Клиниката.
Според објавата на ТВ Клан, голем дел од месечните примањата на Софијанова бил надомест за дежурства за време на кои таа наводно не била на работа. Според информациите што ги изнесе новинарот Фуркан Салиу, д-р Софијанова земала повеќе пари за дежурствата отколку што ѝ е основната плата.
Ваквите информации Софијанова ги демантираше.
По оставките на Софијанова и Васев, на нивните позиции беа назначени нови кадри, а од својата функција беше разрешен и организацискиот директор на Универзитетската клиника за детски болести, Аљајдин Мемеди.