Во описот за случајот се наведува дека, според првичните сознанија, парите биле побарани како поткуп со цел да го употреби своето реално влијание и наводно да помогне во две постапки пред Царинската управа
Помошник-директорот во Царинската управа е приведен под сомение дека побарал поткуп за да го искористи своето реално влијание и да помогне во две постапки пред институцијата, соопштија од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи (МВР) го приведоа помошник-директорот на Царинската управа кај кого се пронајдени обработени парични средства во износ од 17 500 евра.
Во описот за случајот се наведува дека, според првичните сознанија, парите биле побарани како поткуп со цел да го употреби своето реално влијание и наводно да помогне во две постапки пред Царинската управа.
Детали за случајот, како што соопштија од ОЈО ГОКК, ќе бидат соопштени во текот на утрешниот ден.
Претходно, од Министерството за внатрешни работи соопштија дека е приведен е помошник-директор во Царинската управа, затекнат како прима претходно обележани парични средства во износ од 17 500 евра.
