Од Министерството посочија дека разрешувањето на Аљајдин Мемеди од функцијата е поради утврдени нерегуларности во извештајот од извршената контрола на работењето на Клиниката за детски болести
По барање на министерот Беким Сали, претходно денеска до Министерството за здравство своите оставки ги поднесоа и директорката на Универзитетска клиника за детски болести, проф. д-р Аспазија Софијанова и директорот на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, д-р Никола Васев. Увидот во клиниките од страна на Фондот следуваше откако ТВ Клан објави дека директорката на Детската клиника, Аспазија Софијанова земала над 3 000 евра месечно од Клиниката
Министерството за здравство попладнево информира оти ресорниот министер Беким Сали денеска го разрешил од функцијата организацискиот директор на Универзитетската клиника за детски болести, Аљајдин Мемеди.
Од Министерството посочија дека разрешувањето на Мемеди од функцијата е поради утврдени нерегуларности во извештајот од извршената контрола на работењето на Клиниката за детски болести.
„Организацискиот директор на оваа Клиника се разрешува од функцијата пред истекот на времето за кое е именуван, поради утврдени нерегуларности во извештајот од извршената контрола на работењето на оваа Клиника. Контролата е спроведена од Фондот за здравствено осигурување“,
се наведува во соопштението од МЗ.
По барање на ресорниот министер, претходно денеска до Министерството за здравство своите оставки ги поднесоа и директорката на Универзитетска клиника за детски болести, проф. д-р Аспазија Софијанова и директорот на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, д-р Никола Васев.
Министерот Сали минатата недела изјави дека ќе бидат преземени соодветни мерки, односно ќе ги разрешат или казнат директорите доколку под нивно влијание се формирале платите во клиниките.
„Фондот за здравствено осигурување направи увид во неколку клиники и финалниот извештај сè уште се чека. Добиен е само извештај од Детската клиника кој укажува дека има неправилности во прераспределба или организирање на исплатите по однос на дежурствата и другите ангажмани при формирањето плата за еден вработен“,
рече Сали.
Увидот во клиниките од страна на Фондот следуваше откако ТВ Клан објави дека директорката на Детската клиника, Аспазија Софијанова земала над 3 000 евра месечно од Клиниката.
Според новинарот на ТВ Клан, Фуркан Салуи, кој објави и документ на својот фејсбук-профил, а за кој тврди дека е доказ за месечните примања на Софијанова, голем дел од сумата бил надомест за дежурства за време на кои директорката на Детската клиника наводно не била на работа. Според информациите што ги изнесе новинарот, д-р Софијанова земала повеќе пари за дежурствата отколку што ѝ е основната плата.
Софијанова, пак, ги демантираше ваквите информации.