Претходно, турските власти соопштија дека се уапсени неколку десетици осомничени, како и Сиријка, која се сомничи дека ја поставила бомбата
Турските безбедносни сили во Сирија лишија од слобода уште еден осомничен за терористичкиот напад во Истанбул, при што беа убиени шест лица, јави турскиот телевизиски канал „А Хабер“.
Според турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, ситуацијата во Истанбул се вратила во нормала по нападот.
„Уште еден терорист, кој помогнал да се изврши нападот, е фатен во Азаз, на северниот дел од Сирија“,
се наведува во извештајот на турските безбедносни сили.
Претходно, турските власти соопштија дека се уапсени неколку десетици осомничени, како и Сиријка, која се сомничи дека ја поставила бомбата.
Како што соопшти полицијата, 23-годишната Сиријка по име Ахлам Албашир признала оти за нападот добила наредба од Курдската работничка партија (ПКК).
Екипите на полицијата во Истанбул ја идентификувале осомничената врз основа на нејзиниот физички изглед, утврден преку снимките од безбедносните камери во близина на местото на експлозијата во која загинаа шест лица, а 81 беа повредени.
Во експлозијата што се случи во неделата во центарот на Истанбул загинаа шестмина, а 81 лице се здобија со повреди.
Фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN