Турскиот министер за правда даде и дополнителни детали дека жената седела на една од клупите подолго од 40 минути, а само неколку минути откако станала, бомбата експлодирана. Меѓу можните сценарија што се истражуваат се торбата со експлозив да се активирала автопатски или преку далечински управувач. Истрагата ја водат пет обвинители
Бројот на повредени лица од експлозијата во Истанбул се искачи на 81, додека нема информации за зголемување на бројот на загинати кој засега изнесува шест.
Експлозијата се случи во 16:20 часот по локално време на познатата шопинг улица „Истиклал“ кај плоштадот Таксим во центарот на градот.
Дел од претставниците на турските власти во јавноста почнаа да објавуваат и детали од истрагата за стравотниот напад. Новинската агенција „Анадолија“ пренесува дека турскиот потпретседател Фаук Октрај, кој го посетил местото на експлозијата, пред новинарите на плоштадот Таксим изјавил дека нападот се смета за терористички чин, а бомбата била активирана од страна на жена напаѓач.
Министерот за правда, Бекир Боздаг, дал и дополнителни детали, велејќи дека една жена седела на една од клупите на улицата подолго од 40 минути, а експлозијата се случила само неколку минути откако таа станала.
Тој додаде дека истрагата е во тек со можни сценарија торбата со експлозив да се активирала автоматски или преку далечински управувач.
Претседателот Ердоган претходно рече дека иако не може да се тврди со сигурност, нападот мириса на тероризам и увери дека сторителите ќе бидат идентификувани и казнети.
Турската радио-телевизија (ТРТ) објави дека главното обвинителство во Истанбул веднаш започнало истрага и назначени се пет обвинители.
„Сите институции и организации на нашата држава спроведуваат брза, прецизна и ефикасна истрага во врска со настанот“,
изјавил директорот за комуникации на обвинителството, Фахретин Алтун.
Дополнително турските истражни органи издадоа и забрана за емитување на аудио и видеоснимки поврзани со експлозијата и ги повикаа медиумите да не се потпираат на погрешни содржини добиени од социјалните медиуми туку во информирањето да се повикуваат на изјавите од релевантните надлежни институции.
*Поврзани вести:
- (ФОТО+ВИДЕО) Најмалку шест загинати и над 50 повредени во експлозијата во Истанбул
- Пендаровски на македонски и турски јазик изрази сочувство по експлозијата во Истанбул
- Ковачевски: Сочувство до братскиот турски народ
- Досега наши државјани не побарале помош во Истанбул, МНР објави броеви за контакт
- Ердоган се сомнева на тероризам: Бидете сигурни дека одговорните ќе бидат казнети