Исмаили беше изгласан до 62 гласа „за“, а покрај пратеник, во минатото извршуваше и министерска функција во една од владите на Заев
Поранешниот министер за култура и актуелен пратеник Хисни Исмаили стана нов потпретседател на Собранието. „За“ гласаа 62 пратеници на собраниска седница попладнево, на која пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не присуствуваа.
Хусни Исмаили доаѓа од редовите на Алтернатива, која влезе во владината коалиција во декември минатата година во пресрет на формирањето на Владата предводена од Димитар Ковачевски.
Исмаили претходно беше и министер во една од владите предводени од Зоран Заев. На функцијата беше избран на 27 јуни 2019, а ја извршуваше до 30 август 2020 година. За неговото министерување, пред една година Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) поднесе и иницијатива до обвинителството за негово гонење поради сомневање за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување во врска со договори и анекс-договори склучени на 24 јули 2020, а во врска со годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес.