Трас, која беше на власт нешто повеќе од шест недели, се бореше за политички опстанок од 23 септември, кога ја започна економската програма позната како „мини-буџет“, која новиот британски канцелар за финансии Џереми Хант речиси целосно ја поништи и најави стопирање на планот за субвенционирање на енергијата, со порака дека земјата треба да ја врати довербата на инвеститорите
Британската премиерка Лиз Трас поднесе оставка од функцијата што ја извршуваше нешто повеќе од еден месец.
Како што рече во своето обраќање пред новинарите, „таа ја презеде функцијата во време на голема економска и меѓународна нестабилност“. Трас изјави дека не може да го исполни она за што е избрана и затоа поднесува оставка.
„Признавам, иако, со оглед на ситуацијата, не можам да имам резултати во мандатот за кој бев избрана од Конзервативната партија. Затоа разговарав со неговото височество – Кралот за да го известам дека поднесувам оставка како лидер на Конзервативната партија“,
рече таа.
Изборите за нов лидер ќе бидат завршени во текот на следната недела.
„Утрово се сретнав со претседателот на Комитетот Сер Греам Брејди. Се договоривме дека изборите за лидер ќе бидат завршени во текот на следната недела. Тоа ќе осигура одржување на економската стабилност и националната безбедност на нашата земја“,
рече Трас.
Трас го замени Борис Џонсон на почетокот на септември, кој беше принуден да замине по турбулентна година, обележана со скандал со забава во кабинетот на премиерот, додека Британците мораа да почитуваат строги мерки поради ковид-19.
Трас, која беше на власт нешто повеќе од шест недели, се бореше за политички опстанок од 23 септември, кога ја започна економската програма позната како „мини-буџет“, која новиот британски министер за финансии Џереми Хант, речиси целосно ја поништи најавувајќи стопирање на планот за субвенционирање на енергијата, со порака дека земјата треба да ја врати довербата на инвеститорите.
Во меѓувреме, неколку пратеници побараа оставка од премиерката.